Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zemjodelci protest219.04.2016  За само еден месец производителите на ориз од Кочанско трет пат протестираа. Иако во видно помал број, се собраа во Облешево за јавно да го искажат своето незадоволство од незаинтересираноста на одговорните во Министерството за земјоделство да направат интервентен откуп за државните стокови резерви.

Рекоа дека на протестот дошле претставници од сите населени места во регионот во кои се произведува оризот, а масовноста изостанала поради зафатеноста на повеќето земјоделци со подготовка на површинте за претстојната сеидба.

Се пожалија дека откупните цени наместо да бележат пораст, продолжуваат да опаѓаат, на штета на целиот оризопроизводен регион, а врз што влијание имало и однесувањето на некои од откупувачите и преработувачите.

- Во кабинетот на министерот кога бевме пред неполни дваесетина дена тој кажа дека 14 денари е трошокот на произведено кило арпа, а во моментот “Левидиагро“ од Кочани го зема по 12,5 денари. Значи, има надолна линија, а не нагорна линија на арпата. Таа турска фирма во моментот за општина Кочани, од почетокот на сеидбата од 70-тите години, стана погребно одделение, погребен оператор за оризопроизводителите. Има сознание дека вчера се увезени 300 тони бел ориз во нашата општина, рече Зоран Борисов од Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.

Борисов додаде дека протестите на оризопроизводителите нема да престанат и најверојатно ќе се радикализираат откако ќе се намалат нивните активности околу сеидбата. Иако веќе привршува подготовката на нивите за новата сезона, тие се во дилема дали пролетва воопшто да ги засеат.

- Нашето активирање ќе биде малку прадикално, сега малку да се стишат работите околу шпицот за водата, ние ќе се ангажираме малку по селата и ќе го правиме грчкиот штрајк, чесно, па нека мислат тие дали турскиот ориз е увезен, дали италијанскиот или кој било, нека размислат овие од Владата и понатаму, рече  земјоделец од Чифлик.

- Земјоделците се умрени веќе, нема што да прават, тоа е завршена работа за нив. Штом одиме со една туба за три кила нафта за да ставиме во тракторот за орање, што ќе правиме муабет повеќе. Банани и краставици на оваа нација тука, мислам дека бананите ќе успеат и краставиците. За кратсавици семе од Грдовци ќе донесат, поголеми ќе излегуваат и само краставици, рече земјоделец од Облешево.

Протестот траеше кратко и помина во мирна атмосфера, а земјоделците рекоа дека за сега не сакаат да го блокираат сообраќајот на магистралниот пат  Кочани – Штип како што направија при првиот протест. Сепак, за следните слични собири што ги најавија не гарантираат декла ќе поминат мирно доколку состојбата со откупот и цените не се подобри.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 48 гости и нема членови


web counter



qr code