18.05.2016 Членовите на Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска админстрација на Македонија повторно излегоа на штрајк, како продолжение на протестите од пред два месеци.
Синдикалните претставници велат дека биле трпеливи во очекување да се реализираат ветувањата од страна на Министерството за правда, по заедничката средба на која било договорено работна група да изготви предлог–текст на Закон за судска служба.
Со оглед што договорениот рок за постапката одамна поминал, а вработените не добиле никаков одговор ниту од Минситерството за финансии, штрајкот им останал како единствена опција за да побараат исполнување на нивните барања.
- Барањата на вработените во судската служба преку претставниците, синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација се добивање и исплата на додатоци на плата за посебни услови за работа, доверливост и постоење на висок ризик во висина од 35%, како што добија и јавно-обвинителската служба, јавните обвинители и судиите. Штрајкот ќе трае се до исполнување на барањата од страна на Министерството за финансии. Владата на Македонија донесе заклучок на седница од 27 април со кој што даде препорака на Министерството за финансии и на судскиот буџетски совет да се исполнат овие барања. Судскиот буџетски совет има доставено допис до Министерството за финансии да се озбезбедат средствата за исплата на овие надоместоци на плата, меѓутоа од Министерството за финансии се уште немаме одговор, рече Мирјана Димитров, претседател на синдикална организација на УПОЗ при Основен суд – Кочани.
Кон штрајкот на синдикатот на УПОЗ се придружија и членовите на Здружението на судската администрација.
- Сите други институции, владини и управни органи ги имаат покачено личните доходи и условите за работа, додека по судовите се фрлаат дрва и камења, а никојпат не е ништо покачено, секогаш сме оставени настрана и поради тоа даваме целосна поддршка на Синдикатот на УПОЗ како Здружение на судска администрација, рече Венцо Атанасов, претседател на Здружението на вработени во судската администрација при Основен суд – Кочани.
Освен мирниот протест пред зградата на Основниот суд, вработените во судската администррцијаго продолжија штрајкот на своите работни места до крајот на работното време. Притоа сите судењата се одлагаат, односно се работат само итните и притворските предмети.
T. Aјтовски