Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gup kocani15.07.2016  За нови 217 хекатари е проширува Генералниот урбанистички план на Кочани, со што сега неговата вкупна површина изнесува нешто повеќе од 1033 хектари.

На седницата што беше експресно свикана, членовите на Советот на Општината добија детални објаснувања за потребите од донесувањето на планскиот документ и измените и дополнувањата што ќе бидат направени со него.

Беше речено дека поради решавање на одредени прашања, пред се од сообраќајната инфраструктура што требало да се усогласат со Министерството за транспорт и врски, дошло до извесно пролонгирање на усвојувањето на Планот, што се однесува на периодот од 2013 до 2023 година.

 

- Во однос на претходниот ГУП што беше донесен со одлука во 1999 година, на графичкиот прилог што е изложен овде можете да ги видите проширувањта означени долу со некоја жолтеникава боја. Проширувањата се однесуваат во јужниот дел од градот, потоа имаме во западниот дел од градот на локалитетот Драчевиќ и во северниот дел од градот. Во северниот дел остануваат со намени домување, во западниот дел проширувањето кое е до крстосницата на патот кон Пониква има намена индустрија и домување, и во јужниот дел од проширувањата имаме главна намена индустрија и намени кои се инфраструктура, односно коридор железничка станица, потоа големи трговски единици и хотелски комплекси, рече Марија Салтирова од Секторот за урбанизам на Општина Кочани.

Со новиот ГУП Кочани е поделен на 19 градски четврти, од кои неколку се сосема нови и нивното понатамошно уредување ќе се решава со детални урабнистички планови за секоја поодделно. Планирано е на западната граница на ГУП-от да се изгради сосема нова сообраќајница што ќе влегува кај Подлошка крстосница, а ќе излегува кај крстосницата кон Бели и Пониква, и ќе биде ново сообраќајно поврзување на планинскиот центар со што ќе се избегне поминувањето на возилата низ градот.

Советниците имаа одредни прашања за решенијата што се нудат со новиот ГУП.

- Ме интересира дали има можност подоцна со промена на ДУП да има нов градски парк, кој што реално, Кочани како град има мал градски парк, во која градска четврт би било планирано тоа и како можност за поголемо место во кое би можеле граѓаните на Кочани да уживаат во ова место, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

- Во врска со транспортниот центар, бидејќи долу имаме поставено железничка станица, пругата се преместува долу, меѓутоа во моментот останува на актуелното место, прашање е дали ќе биде функционално, дали е можно да се изреализира како промена на транспортниот центар, бидејќи тоа ќе вклучува и промена на автобуската станица и формирање на еден комплетно нов транспортен центар, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

- Имаше интервенција дека всушност го загрозуваме просторот на Институтот за ориз, сега не знам како е, вие ќе ми образложите во поглед на тоа. И како што другите колеги што прашаа, јас не колку пати разговарав со градоначалникот за нашиот плоштад. Сега кога имавме поднесено одлука за проширување на опфатот видеов дека овој дел е паркинг простор, па мене лично ме интересира Кочани каде ќе има плоштад, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

- Ме интересира дали овој ГУП нуди решенија на образовните институции, односно дали нуди можност за градење на еден средношколски училишен центар, затоа што ние се соочуваме со проблеми дека учениците бегаат во други градови каде има интернати, Кочани е град каде нема интернат и бројот на ученици драстично се намалува од година во година, рече Љупчо Стојилков, член на Советот на Општина Кочани.

Од општинската администрација рекоа дека при изготвувањето на ГУП-от се размислувало за поголем дел од овие прашања, а дел од нив ќе се решаваат со ДУП-овите за секоја градска четврт.

- Со овој ГУП намената за парковско зеленило се предвидува на постојниот локалитет Локубија, тоа е постојното зеленило и е даден како таков локалитет, и во сите останати градски четврти во кои има одреден простор за парковско зеленило. Дислокацијата на железничката станица знаеме дека чини многу и во овој момент ниту Општината, ниту пак ЈП “Македонски железници“ е подготвено да ја изврши таа дислокација и истата мора да стои таму каде што е сега, значи тоа се насоките од ЈП “Македонски железници“, ќе остане на истото место се додека не се најдат средства и сили да се дислоцира на новопредвидената траса која е долу на најјужниот дел. Се почитува површината што е во владение на Институтот за ориз да остане со намена образование каде тие ќе можат да ги обавуваат нивните дејности. Кај сегашниот простор на средното училиште “Гошо Викентиев“, односно градска четврт 1, ние имаме предвидено, значи во склоп на парцелата на училиштето, имаме предвидено интернат, рече Марија Салтирова од Секторот за урбанизам на Општина Кочани.

По објаснувањата од стурчните служби во Локалната самоуправа, Советот на Општината едногласно го усвои новиот ГУП на Кочани. Како заклучок беше речено дека придобивките од новиот плански документ се посебно значајни, затоа што ќе се овозможи побрз и поквалитетен економски развој на градот и општината со новопланираните површини за индустрија, трговски комплекси и со новите сообраќајни врски.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code