22.07.2016 Привршуваат градежните работи за реновирање на внатрешниот дел на манастирот „Св. Пантелејмон” во село Пантелеј.
Во изминатиот период целосно е променет внатрешниот изглед на црковниот објект при што стариот камен под е заменет со нов, мермерен, поставени се и нови древени столбови, а на местото на старите, живописани се нови фрески.
Ова е една поголемите реставрации на манастирот по период од околу 30-тина години.
- Работат, тие што требаше да измачкаат си ја завршија нивната работа, сега почнаа да цртаат, ќе го направат, ќе постигнат и тоа, цртањето не е многу лесно, не е брзо, треба да е квалитетно, уметничко, убаво. Ќе го завршат и тоа, сега ако не можат да стигнат, ќе продолжат по празникот, рече Милка Илиева, домаќинка во манастирот.
Голем број верници имаат нарачано изработка на фрески како нивен дар за манастирот, со што просторот на ѕидовите веќе е исполнет.
За време на претстојниот празник „Св. Пантелејмон”, што се одбележува на 8-ми август, се очекува манастирот да го посетат голем број гости од регионот и пошироко. Дотогаш се очекува градежните активности да бидат привршени и внатрешноста на манастирот да добие нов изглед.
М. Божинова
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.