23.08.2016 Од 22 август во Општа болница - Кочани во редовен работен однос се примени тројца доктори по општа медицина. Истите ќе бидат упатени на специјализација по анестезиологија, педијатрија и ОРЛ.
Новите специјализации се резултат на неодамнешниот оглас што го распиша Министерството за здравство за кофинансирани специјализации, информираше директорот на Општа болница - Кочани, Дејан Апостоловски.
Во наредниот период, додава Апостоловски, ќе биде распишан оглас за вработување на уште шест лица во Општа болница - Кочани.
Станува збор за двајца лекари кои ќе бидат упатени на специјализација со предност на хируршките гранки и четири вработувања на здравствени работници и тоа две сетри, еден лаборант и еден радиолошки технолог. Огласот е резултат на 350-те одобрени вработувања за здравствени работници.
Инаку, додава Апостоловски, за година или година ипол четворицата специјализанти кои пред три години ги прати болницата на специјализација ќе завршат со изучувањето. Станува збор за специјализанти на хирургија, неврологија, педијатрија и гинеколологија. Од февруари пак, оваа година вработен е нов психијатар во Психијатриското одделение во Општа болница.
Со новите вработувања и специјализациите кочанската Општа болница полека но сигурно го докомплетира специјалистичкиот кадар кој што е дефицитарен во установата.
Т. Велкова
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.