28.10.2016 Нов случај на кривично дело во кое е извршена кражба, а е инволиваранa нашa сограѓанка расветли Надворешната канцеларија за криминални работи од Валандово.
Настанот се случил пред околу две недели во семејна куќа во селото Дедели, Валандовско. Полицијата констатирала дека имало насилно влегување и одземање на вреден златен накит што се наоѓал во една од просториите.
По пријавувањето на кражбата и направените оперативни активности откриено е дека сторител на делото е 16-годишно девојче од Кочани со постојано место на живеење во Кавадарци.
Пријавената на 14. октомври во семејната куќа на 68-годишниот А.Ф. во село Дедели украла поголема количина златен накит со што предизвикала материјална штета од околу 100.000 денари. Поради тоа од Надворешната канцеларија за криминални работи – Валандово против неа е поднесена кривична пријава во која стои дека е има основи на сомнение оти сторила кривично дело „кражба“.
По откривањето на осомничената и поднесувањето на пријавата од страна на полицијата, за девојчето ќе се води судска постапка, но потребно е да се вклучат и соодветните институции за спречување на малолетничка деликвенција.
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.