02.11.2016 Младите кочански спортисти Станислав Јованов и Дејан Павловски беа наши претставници на Државното првенство во дуатлон што се одржа во Скопје. Оттаму тие се вратија со добри резултати.
Во силна конкуренција на натпреварувачи од Македонија, како и екстрим-тим од Бугарија, во јуниорска категорија го освоија 5 и 6 место.
Инаку, Јованов и Павловски се ученици во трета година во СОУ “Гошо Викентиев“ и дуатлон и триатлон натпреварите им се омилено хоби, а постигнатите резултати велат дека се дополнителен мотив за натамошни успеси.
Натпреварите на Државното дуатлон првенство беа во дициплините трчање на 3 километри, велоисипедизам на 5 километри и потоа повторно трчање на уште 3 километри.
Организатор на првенството беше триатлон клубот “Софка“ од Скопје, со поддршка од Триатлон федерацијата на Македонија. Натпреварите се одржаа покрај кејот на реката Вардар, а одличните временски услови овозможија трките да поминат во најдобар ред.
Т. Ајтовски
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.