X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

budzetski forum vtora sesija02.11.2016  Се одржа и втората сесија од буџетскиот форум што Општина Кочани го организира во рамки на програмата „Форуми во заедницата“, а со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

На почетокот на сесијата, пред да започне работата по групи, беше претставен прегледот на планирани и реализирани приходи на сметката на Општината во периодот до 30 септември годинава. Во вториот дел пред граѓаните беа презентирани планираните расходи по буџетски програми.

Дел од присутните граѓани рекоа дека за прв пат учествуваат на ваков форум и активноста ја оценија како добра, со што тие би имале подобар и увид во приходите на Општината, а со своите предлози за буџетските програми за следната година би учествувале во креирањето на буџет што ќе одговара на нивните потреби.

Имаа и свои мислења кон што како приоритет би требало да се насочат дел од буџетските средства.

- Па , приоритет би било да се користат овие енергетски потенцијали што ги имаме ние, како бања и такви работи, да се направи, онака само патлиџани и пипер, друго ништо... Во планинските места, малку туризмот да се прошири, многу народ е доселен од планината, и јас сум еден од нив, па затоа размислувам, има народ кој се враќа, сакаат да се враќаат, ама нема услови... Ете како можат, за тоа сме и дојдени тука да дадеме придонес, а верувам дека секој придонес е корисен... Прво со нашето присуство и со нашиот граѓански активизам залагајќи се за одредени проекти од областа на спортот. На пример, искористување на геотермалниот потенцијал, како приоритет да биде затворен базен, со искористување нели, на топлата, геотермална вода... Инфраструктурно општината би требала прилично да се смени за да можеме да направиме достапност до сите граѓани. Исто така, би рекла дека во делот на бизнисот и вработеноста, сепак кога тука имаме економски појака општина може да се дојде и до тоа дека сите ќе бидат со еднакви можности. Не може да се направи никаде средина каде би можела да биде еднаквата можност за сите сто посто застапена, но ако има движење и ако средината е сензитивна, како што покажуваат тука, да прашуваат и да се интересираат, сметам дека Кочани ќе може да оди чекор напред и дека и во идните планирања на буџетот ќе имаме повеќе еднакви можности за сите граѓани, рекоа некои од присутните граѓани на сесијата.

Со организирањето на буџетскиот форум им се овозможува на граѓаните непосредно да учествуваат во процесот на донесување одлуки за ставките што би влегле во финансискиот план на Локалната самоуправа за идната година. Процесот треба да заврши до средината на декември, период во кој Советот на Општината ќе треба да го започне донесување на Буџетот за наредната година.

Инаку, имаше забелешка од граѓаните што втората сесија се одржа на браната Гратче, со што дел од оние кои планирале да присуствуваат не стгинале на работната сесија, па беше предложено во иднина да се бара простор во градот каде би се одржувал форумот.

T. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

Кочани

Влажност на воздухот:
Ветер: при
/
/
/
/
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 55 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click