05.12.2016 Кочанскиот џудо клуб „Гладијатор 2016“ на меѓународниот турнир што се одржа во неделата во Приштина учествуваше со тројца натпреварувачи и сите тројца освоија златни медали.
Во силна конкуренција од 280 натпреварувачи од Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово во повеќе категории кочанските џудисти ги освоија највисоките медали.
-Џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани настапи со тројца свои натпреварувачи во три различни категории. Александар Алексов во категорија плус 100 килограми, Никола Стојменов во категорија до 100 килограми и Христијан Стоименов во категорија до 81 килограми. Од тројца наши натпреварувачи кои што настапија на меѓународниот турнир освоивме три златни медали, рече Драган Шеќероски, тренер на џудо клубот „Гладијатор 2016“ Кочани.
Џудо клубот „Гладијатор 2016“ во Кочани функционира околу два месеци и од самиот старт почна со освојување медали.
Следен турнир за кој што се подготвуваат џудистите е учество на екипното првенство за сениори што ќе се одржи на 18 декември во Прилеп.
Т. Велкова
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.