29.12.2016 54-годишната В. С. од Кочани е пријавена за исчезната откако во средата излегла од дома и никој од блиските роднини или соседите не забележал каде се упатила.
Нејзиниот 56-годишен сопруг Б.С. пријавил во кочанската Полициска станица дека жената на 27 декември во периодот околу 11 часот ја напуштила семејната куќа и не се вратила повеќе од 24 часа.
Според информацијата од МВР, надлежните органи веќе преземаат мерки за нејзино пронаоѓање, но за сега безуспешно.
За период од една година ова е трета пријава за исчезнување на лице во нашиот микрорегион. Претходно, кон крајот на минатиот месец во Полициската станица - Виница беше пријавено исчезнато 17-годишно девојче.
Ист таков случај во полициската евиденција беше регистриран и на крајот на декември минатата година кога исчeзна малолетно лице на истата возраст. Сепак, тоа, еден ден по пријавата, беше пронајдено живо и здраво и предадено на семејството.
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.