12.01.2017 Ниските температури го земаат данокот во семејните куќи и домови на жителите на општина Кочани и пошироко.
Граѓаните се жалат на замрзнати цевки кои ги оставиле без вода во домовите, а се регистрирани и пукања на цевоводите. Граѓаните очекуваат големи штети откако ќе се одмрзне водата.
- Од времето имаме замрзнато дома, во домаќинството. Лошо е, посебно ние повозрасните, треба да се чуваме. Очекуваме дека чешмата штом е замрзната мора да пукне.... Се е замрзнато... Смрзнато е, од ладното малку и пералната ни е замрзната, рекоа граѓаните.
И во услови на поларни температури системот за водоснабдување на општина Кочани е во добра кондиција што значи дека водата стигнува до сите потрошувачи, истакнува Александар Ефтимов, технички директор на КЈП „Водовод“ и додава дека реалните штети од невремето ќе се видат дури откако температурите ќе се зголемат и ќе потече водата.
Од КЈП „Водовод“ со апел, на ниските температури граѓаните да ја оставаат водата на тече, оти математиката е дека подобро да се потроши повеќе вода отколку да се направи поголеми проблеми и пукање на цевоводите по одмрзнувањето.
Т. Велкова
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.