18.01.2017 Бадниковата паричка ја донесе и најголемата парична добивка во семејството Димитровски од Виница на почетокот на годината.
22-годишниот Лазе од завчера стана милионер. Добитник е на јануарската џек-пот добивка на Државната видеолотарија играјќи на лотариските терминали во обложувалницата „Моцарт“.
Со уплата од 500 денари тој заработи 1.404.426 денари, пари кои се добредојдени и за него и за неговата фамилија. Иако најчесто уплаќал спортска, сепак среќата го чекала на игрите со апаратите.
- Јас уплаќам спортска, два пати три пати спортска, на апарати поретко и еве ми се падна џек-пот. Оваа година ми се падна паричката на Бадник, можеби тоа носи среќа. Не очекував дека ќе се падне џек- пот, рече Лазе Димитровски од Виница.
Лазе вчера во Скопје и официјално го подигна чекот со милионската добивка. Кои се плановите за трошење на парите?
- За сега немам никаков план за трошење на парите. За понатаму ќе видиме, додаде Димитровски.
Лазе вети дека со игрите на среќа тука и ќе застане, сега своите животни планови може да ги конкретизира со соодветен влог во капитал со кој парите ќе му се множат.
Инаку, џет-пот добивките Државната видеолотарија на Македонија ги стартуваше на 1 јуни минатата година. Добивките се постигнуваат со учество на видеолотариските игри на среќа. Мини џек-пот добивките се во вредност од 5 до 10 илјади денари, додека најпосакуваната Милионер џек-пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.
Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 27 Милионер џек-пот добивки во вкупен износ од 39.231.613 денари. Покрај нив, освоени се и 3.486 мини џек-пот добивки во вкупен износ од 26.147.120 денари.
Т. Велкова
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.