19.01.2017 Голем број верници по повод одбележувањето на празникот Богојавление се собраа на бреговите на Брегалница кај мостот за село Теранци. Дојдоа да го проследат осветувањето на крстот и водите на реката во кои традиционално секоја година се врши чинот на водосвет.
Сашко Крстев од Теранци беше најуспешен меѓу десетината православни верници од општина Чешиново - Облешево кои скокнаа по светиот крст.
Пресреќен што во мешаницата прв успеа да дојде до крстот рече дека очекува здравје и среќа за себе и своето семејство.
- Втор пат скокам по крстот, сега за прв пат го фаќам, рече Сашко Крстев од Теранци.
Крстев доби подароци од македонската православна црква, како и од општина Чешиново-Облешево што лично му ги предаде градоначалникот Костадин Личков.
- Како и секоја година и оваа традиционално во близина на насечлено место Теранци, на реката Брегалница го организиравме Богојавление. Му честитам на Сашко, многу ми е драго. Општината и овој пат излезе со еден скромен подарок, икона од Епархијата и една бањарка. Се надевам дека ќе го служи среќа, здравје и и љубов и на сите граѓани на општината Чешиново-Облешево им посакувам многу здравје, љубов и среќа, рече Костадин Личков, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.
Освен на мостот кај Теранци, одбележување на празникот Водици во општина Чешиново-Облешево со пооделни црковно-верски церемонии се одржа и во населените места во Спанчево, Соколарци, Чифлик, Кучичино и Жиганци.
T. Aјтовски
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.