07.02.2017 Флуоросцентни заштитни елечиња за поголема безбедност во сообраќајот добија децата од големите воспитни групи од ДГ „Павлина Велјанова“.
Беа доделени 100 такви елечиња што ќе бидат распоредени по 20 во сите пет клона на детската градинка.
- Единствената цел ќе ни биде овие елеци да бидат наменети за реализирање на активностите на отворено посебно прошетки, набљудувања, екскурзии и излети, со цел децата да бидат побезбедни учесници во сообраќајот, рече Лидија Серафимова, директор на ДГ „Павлина Велјанова“.
Активноста е во соработка со Полициската станица и бизнис секторот од Кочани.
Целта е да се подигне јавната свест и совест кај најмладите за поголема внимателност и безбедноста во сообраќајот на најмалите како ранлива категорија учесници.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.