03.03.2017 Појдувајќи од фактот дека Ромите се ранлива група која што живее во ризик од социјално исклучување и сиромаштија, за што главната причина се ниските примања, двете општини Кочани од македонска и Благоевград од бугарска страна заеднички започнаа да го имплементираат проектот „Прекуграничен центар за поддршка на ромски бизнис“.
Целта на проектот е градење на капацитет помеѓу ромите од двете општини да започнат свој бизнис со специфични цели да се мотивираат младите луѓе и жени од Ромските заедници од Благоевград и Кочани да започнат сопствен бизнис со користење на најдобри практики.
- Ќе се формираат два центри прекугранични, еден во Кочани и другиот во Благоевград кој што ќе бидат во тесна соработка. Другата активност на проектот е тоа што има можност за учество на 12 учесници да присуствуваат на обуки кои ншто ќе се одржуваат во Македонија и Бугарија. Од тие 12 учесници четворица ќе добијат можност да им се направи бизнис план за да можат да аплицираат за остворање сопствен бизнис, рече Соња Гушкова, проектен координатор.
Проектот во Кочани го имплементира здружението на Роми „Авена“ со партнер организацијата Здружението ЛИДЕР кој што воедно е и водечки партнер во проектот.
- Ние склучивме партнерство со Здружението на Роми „Авена“ од Кочани за да можеме да ја покренеме идејата која што би требало да биде ефективна за Ромите од двете општини. Се покажа дека ние всушност имаме исти проблеми а тоа е всушност големата невработеност посебно кај Ромската популација, и затоа дојде до идеја за спроведување на овој проект да можеме да им помогнеме на младите Роми да си отворат сопствен бизнис, рече Миглена Михаилова, проектен менаџер.
Центарот за прекугранична поддршка на ромски бизнис ќе го поттикнува креативниот дух и иновативноста кај Ромското население со посебен акцент на младата популација и жени до 29 години. Преку дејствување на Центарот би требало да има ефект врз ромската популација од двете општини и да се развие кај младите Роми претприемачкиот дух за креирање нови бизнис идеи.
Проектот е финсискси поддржан од ИПА програмата на ЕУ.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.