16.03.2017 Второ место за Сашка Јованчевска, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“ на државниот натпревар по германски јазик што се одржа на 10 март во Скопје.
Јованчевска се подготвуваше под менторство на професорката по германски Магдалена Манева.
- По успешно завршениот регионален натпревар што се одржа на 4 март во Штип, заедно со мојата менторка Магдалена Манева учествувавме на државниот натпревар по германски јазик. Натпреварот се одржа на 10 март во Гете институтот во Скопје и со големо задоволство можам да кажам дека по нашиот голем труд и работа го освоивме второто место. Конкуренцијата беше силна, но со нашата голема работа успеавме да го освоиме второто место. Сакам да ја пофалам мојата професорка Магдалена Манева бидејќи вложи голем труд работејќи со мене и ми влеваше голема самодоверба, рече Сашка Јованчевска, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“.
Јованчевска рече дека има голема љубов за изучување на германскиот јазик и наградата ќе и биде поголем стимул за поуспешна работа во иднина, како и мотив за учество на други натпревари.
Натпреварот беше во организација на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Македонија, а Јованчевска беше единствен добитник на награда од Кочани.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.