20.03.2017 На државниот кошаркарски натпревар што се одржа викендов во Скопје во конкуренција на екипи од вкупно 96 училишта од целата држава кошаркарите од СОУ „Љупчо Сантов“ го освоија третото место.
Тие интензивно се подготвуваа за турнирот повеќе од два месеци под менторство на професорот Мијалче Апостолов.
- Турнирот беше со силна конкуренција каде што дадовме се од себе и постигнавме резултати. Задоволни сме од постигнатиот резултат, рече Борис Кикенски, член на кошаркарскиот клуб на СОУ „Љупчо Сантов“.
- Организацијата на турнирот беше просечна, не беше на ниво, условите не беа баш добри, но сепак учениците се потрудија да го дадат својот максимум и постигнаа голем резултат, рече Мијалче Апостолов, ментор.
Директорот на Гимназијата ги прими учениците кои што се дел од екипата и им се заблагодари за големиот успех, како и на сите кои им помагаа на учениците во подготовката.
- Голема благодарност до сите ученици кои што учествуваа во турнирот како и за менторот Мијалче Апостолов кој што цело време работеше со учениците. Благодарност и до сите професори кои што имаа разбирање за отсуството на учениците од настава, рече Доне Донев, в.д директор на СОУ „Љупчо Сантов“.
Донев се заблагодари и на фирмите од Кочани кои што се јавија како спонзори и финансиски им помогнаа на учениците за турнирот.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.