12.05.2017 Во организација на Сојузот за училишни спортови од Кочани и Локалната самоупарава и годинава се одржи Пролетниот крос.
Манифестацијата продолжува да ја надградува традицијата откако беше возобновена пред седум години. Вообичаено и овојпат најмасовно беше учеството на учениците од основните и средните училишта, а се вклучија и повозрасните, членови на Здруженеито на пензионери.
Секоја година просечниот број на учесници изнесува од 600 до 700, па слична масовност имаше и овојпат. Најголем дел од нив, односно повеќе од половината беа најмладите од основните училишта, а остатанатите средношколци и други граѓани.
Во трката на 60 м за првоодделенците и второодделенците, победија Кире Хазуров од ОУ „Малина Попиванова“ и Матеја Илиева од ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Најбрзи од третите и четвртите одделенија беа Мартин Атанасов од ОУ „Никола Карев“ и Јалсда Алиова од ОУ „Малина Попиванова“, а од петтоодделенците и шестоодделенците први на целта стигнаа Давид Костов од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и Андреја Донева од ОУ „Никола Карев“.
Симар Алијов и Сандра Карова од ОУ „Малина Попиванова“ победија во трките за седмо и осмо одделение, а кај деветтоодделенците кои трчаа на 400 м, најуспешни беа Виктор Паунов од ОУ „Раде Кратовче“ и Андреја Стојчева од ОУ „Никола Карев“. Кај средношколците први на целта стигнаа: Петар Марковски од СОУ „Гошо Викентиев“, Марија Коцева од СОУ „Љупчо Сантов“, Филип Ѓорѓиевски од СОУ „Гошо Викентиев“ и Јана Лазарева од СОУ „Љупчо Сантов“.
Традиционално на кросот се натпреваруваа и ветераните, а првото место и годинава го освои Ѓорѓи Николов.
Пролетниот крос се одржа на стадионот „Никола Мантов“ и намерата е тој да остане традиоционален. Како што нагласија организаторите, целта на манифестацијата е да се подобри спортскиот дух кај населението, а како придобивка е здравиот начин на живеење, без оглед што тоа се прави на рекреативна основа.
T. Aјтовски
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.