15.05.2017 Стариот бунар во Стришани што некогаш претставувал место за собир и локација за дружење меѓу луѓето сега е запуштен.
Од обраснатата трева околу него дури личи на јавен тоалет од каде што се шири непријатна миризба, а претставува и можен извор на зараза. Несовесни граѓани секојдневно вршат нужда и тоа на тесната патека која ги спојува двете улици „Страшо Ербапче“ и „Иво Лола Рибар“.
Жителите на Стришани со иницијатива бунарот да биде обновен и реновиран бидејќи вода во него има, само е запуштен и не е во функција.
- Јас сум 78 години а незнам колку години бунарот е постар од мене. Имаше вода во него луѓето си црпеа, сега е запуштен, обраснат, а нема ниту луѓе тука кој да покрене иницијатива за негова обнова. Доаѓаа еднаш исчистија го, ама од тогаш пак ништо, оставено е така на милост и немолост на природата. Убаво ќе биде се да се обнови, да се реновира, ама тешко, рече Иван Стоев, жител на Стришани.
Додека да се преземе нешто, ако воопшто нешто и се прави, жителите на околните куќи со апел барем да не се врши нужда околу бунарот, посебно не пред почетокот на високите температури кога заразата полесно се шири.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.