05.06.2017 Откако пред две недели по тешко боледување на 38-годишна возраст почина Сашко Велков, татко на две малолетни деца од село Јакимово, Виничко, сега децата се оставени на старателство на баба им.
Таму каде што живеат нема нормални услови за живеење. Распаднат кров кој што тече од сите страни, а по починувањето на таткото веќе не ја земаат ни негата која ја земаа за нивниот болен татко.
Роднини и блиски на децата покренаа иницијатива за изградба на нова куќа во селото Јакимово која што е веќе во изградба. Досега се што е изградено за новата куќа е направено од донации од локални фирми и помош од Општина Виница.
Сега семејството Велкови бара помош исто така од локални фирми кои се во можност да помогнат да може да се догради куќата за да има каде да живеат децата со нивната баба.
-Ние колку можеме се трудиме, јас се што можев и од кој можев да побарам помош направив се за да ја изградиме и оваа карабина на куќата и покривот. Сега останува на фирмите кој колку може да донира да можеме да направиме соба на овие деца да имаат кров над главата да водат нормален живот. Татко им почина пред две недели и ги остави така да живеат со баба им, тешко е многу па затоа бараме помош, рече Влатко Јанкуловски, роднина на семејството Велкови.
Молбата на ова семејство е насочена кон што е можно побрза подготовка на куќата да можат и овие две малолетни деца да живеат нормален живот со кров над глава.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.