08.06.2017 Рецитал на флејта приреди Тамара Лазарова, ученичка во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип, во класата на професор Елена Мирасчиева. Лазарова настапи во пијано-придружба на Драгана Карова, професор во ОМУ „Ристо Јуруков“.
- Благодарам на сите што ме поддржаа во овој рецитал, и благодарам и на мојата професорка Елена Мирасчиева. Школувањето понатаму ќе го продолжам на Факултетот за музичка уметност, рече Тамара Лазарова.
- Голема чест е да се има ваква ученичка како Тамара. Многу е успешна и и посакувам голем успех и во понатамошното школување, рече проф. м-р Елена Мирасчиева.
Гостинка на рециталот беше Марија Стојанова која што беше пијано придружба на Лазарова.
Тамара Лазарова која основното музичко образование го стекна во ОМУ „Ристо Јуруков“ во Кочани, моментно е матурантка во Државниот музички училиштен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип во класата на професор м-р Елена Мирасчиева. Вели дека школувањето и понатаму ќе и биде насочено на изучување на инструментот флејта.
Тамара досега има учествувано на многу државни и меѓународни натпревари и има добивано значајни награди и признанија во земјата и странство.
Т. Велкова
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.