12.06.2017 Младите гимнастичари од Кочани го продолжуваат успехот што го започнаа минатата година на натпреварите на домашна сцена.
На државното првенство во “А“ и “Б“ лигата за момчиња нашите претставници се вратија со четири први, две втори и две трети места во поединечна конкуренција. Домаќин на првенството беше КГС “Партизан“ од Битола и според информациите од организаторот натпреварите поминале во одлична атмосфера, при што се постигнати солидни резултати.
Посебно се истакнале кочанските гимнастичари, кои се закитиле со победнички признанија.
Освојувачи на златни медали во “А“ лигата се Антонио Јаношевиќ кај постарите пионери, Ристе Симеонов во конкуренција на млади јуниори и Стојан Анастасов кај јуниорите. Освен нив добар успех и освоено второ место имаше и Димитриј Спасов кај младите јуниори.
Во “Б“ лигата пак, првото место и залтниот медал му припадна на Лука Цветков кој настапи во категоријата постари пионери, додека во истата категорија Мартин Андонов освои сребрен, а Дамјан Ѓоргиев бронзен медал. Исто така, со бронза се закити и нивниот клупски другар Никола Илиев кој настапи во групата на помлади пионери.
Екипно КГС Кочани ги освои првите места во конкуренција на помлади и постари пионери кои се натпреваруваа во “Б“ лигата.
Т. Ајтовски
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.