20.06.2017 Во понеделникот попладне во Кочани се случил невообичаеен физички напад врз полициска службеничка која била на извршување на својата работна задача.
Според информациите од МВР, околу 15,45 часот во моментот кога вработената во одделот за крим-техника во ПСолициската станица - Кочани се движела кон улицата „Киро Кикенски“ каде требало да се врши увид, забележала едно лице како врши кражба од зграда во стопанскиот двор на градежното претпријатие „Бетон“.
Со намера да го спречи во постапката, таа запрела и се упатила кон сторителот. Кога се доближила до него, тој замавнал со секира, но полицајката успеала да го избегне ударот.
Сепак, напаѓачот продолжил со насилниот акт, при што ја турнал на земја, ја удрил со нога и избегал од местото на настанот. Од ударот полициската службеничка се здобила со телесни повреди што биле потврдени и при лекарскиот преглед во Општата болница во Кочани.
Сепак, полицајците успеале да го идентификуваат лицето, кое било 15-годишен малолетник и во присуство на неговиот родител го привеле во просториите на Полициската станица. Таму бил извршен службен разговоро, по што малолетникот бил ослободен.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полицсиката станица - Кочани, а за настанот бил запознаен и јавен обвинител кој треба да ги преземе соодветните законски мерки.
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.