07.08.2017 ЦК „Бели Мугри“ информира дека во тек е конкурс за учество во финансирање проект од национален интерес во културата.
Станува збор за манифестацијата "Нов културен бран“2017 година, која што е на иницијатива на новото раководство на националната установа м-р Александра Димитрова која што е назначена за в.д директор на Центарот.
Како што изјави Димитрова, Центарот за култура всушност се нуди како една од можните локации за реализирање на предлог – проекти на субјектите на кои што се однесува конкурсот, а тоа се автори од областа на културата, здруженија на граѓани, асоцијации, чадор-организации и неформални групи.
Досега Министерството за култура ја финансираше манифестацијата „Топол културен бран“ во која редовно секоја година со програма се вклучуваше и Општина Кочани.
Манифестацијата „Нов културен бран 2017“ според одлуката на Министерсвото за култура на Македонија ќе се реализира во месеците септември, октомври и ноември, односно се до искористувањето на средствата наменети за оваа манифестација.
Од Министерството за култура на Македoнија сметаат дека манифестацијата „Нов културен бран 2017“ ќе биде можност за докажување на автори од областа на културата, здруженија и организации, со интересни програми и проекти кои ќе имаат национален интерес во културата.
За повеќе информации за пријавување за учество сите заинтересирани субјекти можат да побараат во Националнатаустанова ЦК "Бели мугри"- Кочани и на веб страницата на Министерство за култура на Македонија.
Т. Велкова