08.08.2017 Поради екстремно високите температури и нарушените хидролошки состојби во регионот, како и од енормно зголемената потрошувачка особено во вечерните часови и нерационалното користење на водата, КЈП “Водовод“ започнува со рестрикции за корисниците кои се приклучени на градската водоводна мрежа.
Во писмениот допис до медиумите, од Претпријатието велат дека се принудени да воведат осумдневна наизменична рестрикција во сите зони во населените места и во градот.
Рестрикциите се воведуваат со цел водата да стигне до сите потрошувачи, бидејќи превентивните мерки со контроли и санкции против несовесните потрошувачи не ги дале очекуваните ефекти.
Граѓаните ќе бидат навреме известени за распоредот и термините за рестрикциите кои ќе се применуваат од 9-16 август.
Според распоредот, први без вода на 9 и 13 август во периодот од 14 до 20 часот ќе останат потрошувачите од селата: Прибачево, Грдовци, Мојанци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Бања. На 10 и 14 август вода ќе немаат корисниците од ниската зона во градот (улици: Лазар Андонов; Брегалничка; 4та Македонска Бригада; Григор Апостолов – Гочо; Вера Которка; Мирка Гинова; Никола Карев; 4тиЈули; 9ти Мај; Крсте Мисирков; Рајко Жинзифов (понизок дел); Иван Иванов – Балашо; Плачковица; Теодосија Паунов; Гошо Викентиев; Вера Циривири; Никола Вапцаров; Солунска; Енгелсова; Кеј на револуција (понизок дел); ВМРО (понизок дел); Димитар Влахов (понизок дел), додека за потрошувачите од средната зона (улици: Христијан Карпош (понизок дел); Јане Сандански; Осоговска; Цар Самоил; Гоце делчев; Борис Трајковски; Раде Кратовче; Илинденска; Д-р Николиќ; ВМРО (повисок дел); Кеј на револуција (повисок дел); Љупчо Сантов; Славчо Стојменов; Браќа Ставреви; Вита Поп Јорданова; Рајко Жинзифов (повисок дел); Цветан Димов; Вељко Влаховиќ; Димитар Влахов (повисок дел); Коле Неделковски; Пере Тошев; Стево Теодосиевски; Иво Лола Рибар; Мородвишка Епископија; Григор Прличев; Павлина Велјанова; Орце Николов; Сремска; Роза Петрова; Ристо Симеонов) рестрикцијата ќе се спроведе на 11 и 15 август.
Без вода од водоводната мрежа ќе останат и корисниците од високата зона (улици: 3 Македонска Бригада; 13 Македонска Бригада; 50та Македонска дивизија; Февруарски поход; Ѓорче Петров; Пиринска; Бел Камен (повисок дел); 1ви Мај (повисок дел); Охридска; Скопска (повисок дел); Раде Кончар (повисок дел); Марко Цепенков; Велин Стоилов; Малина Поп Иванова; Васил Главинов; Страшо Ербапче;Димитар Лазаров (повисок дел) ; Кирил и Методиј (повисок дел); Душан Петревски; 14та Бригада (повисок дел); Питу Гули (повисок дел); Коста Рацин; Стамен Манов (повисок дел); Дуди Ханум; 202; 201; Крум Врнински; Ване Грдовјански; Мишо Арсов;Никола Панпуров; Кресненско Востание; 15ти Македонски Корпус; Разловечко Востание; Вера Циривири; Карпошово Востание; Ѓорги Пулевски; Искра; Руен; Македонска; Мирче Ацев; Киро Кикенски (повисок дел); Христијан Карпош (повисок дел), а тие ќе бидат исклучени на 12 и 16 август.
Од КЈП “Водовод“ очекуваат граѓаните да имаат разбирање за преземените мерки и да дадат свој придонес во настојувањата водата да биде подеднакво достапна за сите. Засега нема информација дали рестрикциите ќе продолжат и по 16 август.
Т. Ајтовски