11.09.2017 Со сериозни телесни повреди се здобило едно лице од Кочани, откако во тепчка било избодено со нож, па лекарите биле принудени да го префрлат на лекување во Скопје.
Според известувањето од МВР, во неделата околу 22.20 часот на ул. „Јане Сандански“ во Кочани настанала вербална расправија, а подоцна и физичка пресметка помеѓу три лица.
На една страна биле 37-годишниот В.А. и 33-годишниот А.Д., кои му се спротивставиле на 58-годишниот Л.А. Првите двајца со дрвени стапови го удриле Л.А. два пати во пределот на главата, по што тој со нож на В.А. му нанел повеќе убоди во пределот на телото.
Поради серриознаоста на убодите веднаш била побарана медицинска помош од кочанската болница, а откако било констатирани повредите, В.А. бил пренесен во Клиничката болница во Штип, од каде е препратен во Клинички центар Скопје.