- Градот тоне во ѓубре. Управувањето со отпадот е во криза. Потребен е современ третман на цврстиот отпад. Селекција на отпадот, автомати за амбалажа, рециклирање. Јавни површини за градежен шут и функционална комунална и инспекциска служба. Кочани може економски и паметно да се исчисти.
Хибридните светилки се модел за користење на евтината сончева енергија со која Кочани изобилува. Оние што ги имаше, по кои бевме пилот-општина, се искршени и за жал, не се одржуваат. Ние сме за што повеќе паркови и зеленило: на Локубија, кај Стопанскиот двор на булеварот „Тодосија Паунов“, во населбата Трајново Трло. Зони за пешаци и велосипеди. Замена на азбестните водоводни цевки. Ние сме за искористување на европските пари за чиста и здрава животна срединa, рече Валентина Андонова, листа за советници на Кочани од коалицијата на СДСМ.
Андонова истакна дека правото на чиста животна средина е фундаментално граѓанско право и затоа Општината треба да ги почитува еколошките стандарди и да вложува повеќе финансиски средтва за изготвување и релизаирање проекти за подигање на јавната свест на граѓаните.
Т. Ајтовски