- Со приклучувањето на ВМРО - Народна партија кон коалицијата уште еднаш потврдуваме дека сите ние - леви, десни и партии од центарот, го слушнавме гласот на граѓаните, кои сакаат заедништво наспроти поделби. Ние сме за фер и демократски избори и се обврзуваме заедно и бескомпромисно да работиме во одбрана на правдата, вистината и иднината, рече Дени Митров, претседател на ОО СДСМ – Чешиново-Облешево.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ ги повикаа нивните членови и симпатизери да дадат поддршка за кандидатите за градоначалник и советници од листата на коалицијата предводена од СДСМ.
- Врз основа на одлуката на ИК на ВМРО- Народна партија, а согласно постигнатиот договор за коалицирање на локално ниво, ОК на ВМРО-НП од општиона Чешиново-Облешево ги информира членовите, симпатизерите и јавноста дека донесе одлука на претстојните лчокални избори што ќе се одржат на 15 октомври да даде целосна поддршка за кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ за градоначалник и на кандидатите на советничката листа за Општина Чешинвоо-Облешево, рече Анче Маринков, секретар на ОК ВМРО-НП – Чешиново-Облешево.
На заедничката средба по потпишувањето на договорто за соработка беше оценето дека коалцијата на локално ниво меѓу двете партии е на партнерска основа заради реализирање на проекти што се од интерес на сите граѓани.
Т. Ајтовски