05.06.2013 Крај на сезоната и во женската кошаркарска лига за основки. Во директен дуел за првото место одлучуваа екипите на ООУ „Малина Попиванова“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
И овој последен натпревар покажа дека се работи за две екипи изедначени по квалитет, а потврда на тоа беше нерешениот резултат во регуларниот дел од натпреварот 21:21.
Во продолжението од пет минути, спортската среќа им беше наклонета на кошаркарките од ООУ „Малина Попиванова“ кои забележаа тесна победа од 23:22.
Доделувањето на наградите за најдобрите две екипи во машка и женска конкуренција, како и најдобрите поединци е предвидено за четврток со почеток во 18.30 во новата спортска сала во дворот на ООУ „Никола Карев“. Кај момчињата како што е познато триумфираше екипата на ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
Г. Лалов