02.11.2017 Новиот градоначалник и членовите на Советот на Чешиново-Облешево официјално ги добија мандатите за работа во наредните четири години.
На мала свеченост што се одржа во општинските простории каде што Советот ги одржува своите седници, претседателката на Општинската изборна комисја, Весна Ѓорева Малинова им честиташе на изборот и им порача да работат што поефикасно во исполнувањето на проектите што се од интерес на граѓаните.
На доделувањето на уверенијата присуствуваа поголем дел од избрани на функциите, освен неколкумина советници кои заради работните обврски документо ќе го примат подоцна.
Новоизбраниот градоначалник Горанчо Крстев од име на сите присутни се заблагодари на честитките и рече дека ќе се залага за што подобра соработка со целиот Совет.
- Ја поздравувам Општинската изборна комисија за успешно извршената работа, ги поздравувам и избраните советници и им посакувам успешна и заедничка соработка во интерес на општината и во интерес на граѓаните на нашата општина. Мислам дека заеднички треба да настапуваме, заеднички да работиме и да ја водиме нашата опшштина на вистинското место, рече Горанчо Крстев, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.
Во Советот на општина Чешиново Облешево има вкупно 11 советници, при што според резултатите од изборите, по петмина се од коалциите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а еден е кандидат беше избран од листата на партијата НДМ.
По добивањето на уверенијата останува да се одржи конститутивната седница на која ќе се изберат претседателот и членовите на комисиите. Според првичните договорања, најверојатно првата работна средба на новиот Совет на Општина Чешиново-Облешево ќе се одржи на почетокот на идната недела.
Т. Ајтовски
©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.