15.01.2018 Филип Илиев од селото Пеклани е првото новороденче, машка среќа за општина Виница, инаку родено на Клиниката во Штип. Со божји благослов Филип на свет дојде вечерта спроти Бадник во 00,55 часот, со тежина од 2,5 килограми и должина 46 сантиметри.
Родителите Влатко и Нина ја примија општинската награда која им ја врачи градоначалникот Ивица Димитров.
Минатата година за Виница беше женска и наталитетот, според бројките од Службата за вакцинации, се заокружи со околу 150 новороденчиња.
Од храмот “Св. Архангел Михаил“ велат дека 2017 година завршила со поголем број крштевки, а помалку венчавки во однос на 2016 година. Тука минатата година со света вода биле покрстени 119 новороденчиња од кои 58 како првородени, 48 како второ и 11 како третородени. Во 2016 година биле крстени 109 деца.
Т. Велкова