18.01.2018 Билјана Петрова е новиот вршител на должност директор на ОУ „Никола Карев“.
Со тоа е направена уште една кадровска промена на образовните институции во Кочани.
Според писменото известување од Општината, градоначалникот Николчо Илијевјаприфатил оставката на директорот на „Никола Карев“, Владо Андов и го потпишал решението за именување на новиот в.д. директор.Петровадосега работеше како наставник по одделенска настава во ова училиште.
Инаку, „Никола Карев“ беше едно од двете најзадолжени училишта по основ на превоз на ученици. Од вкупниот долг за превоз на училиштата кон „Авто атом“ кој изнесуваше 34 милиони денари, 4 милиона и 400 илјади денари беа на ОУ „Никола Карев“, а најголем дел односно 24,5 милиони денари – на СОУ „Гошо Викентиев“.
Минатата недела нови в.д директори добија и ОУ „Малина Попиванова“ и „Раде Кратовче“ во Кочани и „Крсте П. Мисирков“ во Оризари, откако претходните раковдители поднесоа оставки на функциите.