19.01.2018 Делницата од магистралниот пат А3 во близина на Облешево одзеде уште еден човечки живот, со што оваа собраќајница и од почетокот на годинава потврдува дека е црна точка по целата нејзина должина.
Во тешка сообраќајна несреќа загина велосипедист кој во критичниот момент се движел во близина на надвозникот преку железничката пруга кај Облешево.
Според официјалната информација од полицискиот увид, сообраќајната несреќа се случила околуво четвртокот околу 16 часот при што автобус со кочански регистерски таблички што го управувал 60-годишниот М.М. од Кочани удрил во 58-годишниот С.Т. од Мојанци кој управувал велосипед.
Од силниот удар велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, и со возило на Итната медицинска помош бил транспортиран кон Кличинпата болница во Штип. Сепак, уште по патот кон болницата тој им подлегнал на повредите. Во период од околу 2 ипол часа, додека траел увидот во околноститре во кои се случила несреќата, сообраќајот се одвивал наизменично по една коловозна лента. Од Полицијата велат дела стручните служби работата на целосно расчистување на случајот.
Слична тешка несреќа, само неколку стотини метри подалеку се случи пред околу два месеци, при што се судрија автобус и патничко возило. Тогаш имаше четири повредени, од кои три потешко, а во нивното спасување учествуваа и пожарникарите кои ја сечеа каросеријата на автомобилот за да ги извлечат патниците од него.
Т. Ајтовски