15.02.2018 Семејна расправија во куќа на улицата “9 Мај“ во Кочани заврши трагично. 54-годишниот Б.А. рано изутрината ја нападнал 44-годишната сопруга Л.А. при што и нанел тешки телесни повреди од кои таа починала.
Подоцна и самиот извршил самоубиство, скокајќи од покривот на куќата во која живеело семејството. Сведоци на настанот биле и ќерката и синот на сопружниците, при што девојчето исто така се здобило со тешки телесни повреди и во неконтактибилна состојба е пренесено во Општата болница во Кочани.
Од СВР го потврдија настанот, при што рекоа дека смртта н кај двете лица ја констатирала екипа од итната медицинска помош, а увид направил и јавен обвинител.
- Сега починатиот 54-годишен Б.А. од Кочани неколкупати со нож и нанел телесни повреди на својата сопруга, 44-годишната Л.А. по што со употреба на чекан и нанел неколку удари по главата. Сведоцви на насолството на брачниот пар биле 22- годишната ќерка и 13- годишното момче кое веднаш побегнало. Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција. Во тој момент, таткото се искачил на покривот од семејната куќа и од висина од околу 6 метри скокнал при што починал на лице место, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
По пристигнување на екипа на Итната помош, била констатирана смрт кај сопругот, а сопругата била пренесена во Општата болница во Кочани каде починала.
Од Основното јавно обвинителство во Кочани извршиле увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Полицијата. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, издадени се наредби за прибирање и вештачење на траги, крв и урина од починатите за анализа и за вршење на обдукција на телата на починатите.
Т. Ајтовски