02.05.2018 Професори и одговорните од Универзитетот од Нова Горица, Словенија во посета на СОУ „Љупчо Сантов“.
Ја претставија својата програма пред матурантите од ова училиште, но меѓу другото потпишаа и договор за соработка и збратимување со кочанското училиште од што бенефит ќе имаат и двете школски установи бидејќи Универзитетот има потреба од ученици матуранти кои што ќе се запишуваат таму.
И Гимназијата може да ги искористи нивните интелектуални ресурси, со оглед на тоа што Унивезитетот располага со пет студиски програми - винарство, природни науки, инженерство и менаџмент, уметност на науките и астрофизика.
- Освен програмите постојат и студиски престои односно летни школи со кои што тие располагаат и во кои што се инкорпорирани средни училишта од Италија, Босна и Херцеговина и едно училиште од Македонија и ние сме второто училиште кое што влегува во оваа соработка, така што ние е предложено сите ресурси кои што Универзитетот ги поседува ние можеме да ги искористеме, а тоа значи заеднички часови и предавња, наши ученици да присуствуваат на нивните расположливи кампови и летни школи како и користење на лабораториските услови особено од областа на менаџментот и астрофизиката, рече Игор Христов, в.д директор на СОУ „Љупчо Сантов“.
Учениците, додаде Христов, покажале интерес за Универзитетот и имало доста заинтересираност за самата презентација, посебно заради поволностите што ги нуди овој Словенски Универзитет.
Инаку, ова е само старт на заедничката соработка меѓу средното училиште и Унивезитетот, понатаму би соработувале и би аплицирале на заеднички проекти од областа на образованието кои што ги нуди Европската унија.
Т. Велкова