17.07.2018 За поефикасно регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје, Општина Виница планира во наредниот период да изгради кружен тек на главната улица, за што веќе е започната постапката за изработка на техничка документација.
Освен тоа, ќе се работин и на планска доументација за изградба на делница од регионалниот патен правец Р334 со што ќе се поврзат неколку маала во населбите од ридско-планинскиот регион.
Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, на свечената седница на Советот потврди дека постапката е во тек, односно се бара фирма што ќе ја изработи документацијата.
- Моментално ни е распишан тендер за техниќка документација за кружен тек за улицата “Маршал Тито“ и локален пат Капетанци - Балинци - Витларе, во должина од 3.900 метри. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Виница во износ од 1 милион и 950 илјади денари. Се надеваме дека барем на тендерот овие средства ќе дојдат на половина,рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.
Решавањето на сообраќајната инфраструктура со кружен тек е наметнат со фактот што се работи за трикрака крстосница на која се спојуваат улиците “Маршал Тито“, “Браќа Миладинови“ и “Моша Пијаде“. Во образложението е нагласено дека во одредени денови од неделата таа претставува тесно сообраќајно грло, поради што се создаваат колони, а неретко доаѓа и до сообраќајни несреќи.
Рокот за пријавување на заинтересираните фирми за изработка на техничката документација за кржниот тек и за локалниот патен правец е до 25 јули.
T. Aјтовски