25.07.2018 Македонската селекција за кошаркари до 18 години ги заврши подготовките за настапот на Европското првенство од дивизијата Б, чиј домаќин е нашата државa.
Од 27 јули до 5 август Скопје ќе биде домаќин на најдобрите 20-тина младински репрезентации, а како член на македонскиот репрезентативен состав е и кочанецот Андреј Данилов.
Во изминатите два месеци тој со своите клупски колеги тренираа во Скопје и во Маврово, а имаа два пријателски натпревари со селекцијата на Турција во Истанбул. Освен тоа, на турнир во Скопје одиграа контролни натпревари и со младинските репрезентативци на Бугарија, Австрија и Романија при што забележаа три победи и го осовоија првото место.
Како завршница на подготвките за Европското првенство, минатата недела македонската младинска репрезентација одигра два напревари во Софија против своите бугарски врсници, при што и во двата настапа извојува победи.
Натпреварите од претстојното Европско првенство во Скопје ќе се играат во СРЦ „Кале“, во двете сали на СЦ „Јане Сандански“ како и во вип арената на СЦ „Борис Трајковски“.
Вклучувањето на Данилов во државната младинска репрезентацијата е големо признаие за неговиот квалитет, а тој и досега ги бранеше репрезентативните бои, при што пред две години учествуваше на Европското првенство во Бугарија за кошаркари до 16 години.
Т. Ајтовски