Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zetvarska izbor26.09.2018  Со изборот на жетварска убавица што ќе се одржи в четврток во 19 часот во градскиот парк во Кочани, започнува 27. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Годинава во конкуренција се 14 девојки на возраст од 15 до 20 години, при што изборот на жетварска убавица ќе го изврши жири комисија од пет члена, од кои четворица се стилисти, а еден е претставник на Општина Кочани.

Изборот ќе претставува своевиден перформанс во режија на артистката Кристина Атанасова Арсова.

Девојката која ќе биде прогласена за жетварска убавица, ќе го ожнее првиот сноп ориз во рамки на обичајот зажнејување.

Со тоа и официјално ќе биде означен почетокот на овогодишната жетва на оризовата култура во Кочанско, а настанот планиран за в сабота од 10 часот на површините на Земјоделскиот институт во Кочани. 

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 21 гости и нема членови


web counter



qr code