01.10.2018 Бројот на граѓани од општина Кочани кои излегоа да гласаат на референдумот викендов е за неколку проценти понизок од просекот на државно ниво, кој изнесува 34,7 отсто.
Од вкупно запишаните 32.998 гласачи во избирачкиот список, на 63 избирачки места излегле 9.541 што изнесува 28,94 отсто. Притоа со “за“ на рефереднумското прашање се изјасниле 8.788 граѓани, што е 84,4 отсто од оние што гласале, додека против биле 1.122 односно 10,7 отсто од гласачите.
Според резулттаите пто ги објави ДИК, во општина Виница на рефереднумот излегле да гласаат 4.063 од вкупно зпаишаните 17.143, што значи дека гласачкото право го оствариле 23,7 отсто граѓани. Притоа, 3.629, односно 85,2 отсто од нив гласале “за“, додека 375, односно 8,8 отсто биле против референдумското прашање.
Во општина Чешиново-Облешево пак, на гласање излегле 1.422 граѓани, од вкупно запишаните 5.569 со право глас, односно 25,56 отсто. Од нив 1.297 или 80,7 отсто гласале позитивно, додека против биле 213 гласачи.
Најмала излезност во микрорегионот има во општина Зрновци. Таму од запипшаните 2.560, на четирите избирачки места излегле 502 граѓани. Притоа “за“ гласале 439, а против 62 гласачи.
Со оглед што во текот на денот се уште не беа процесуриани сите избирачки места на ниво на Македонија, ДИК немаше податоци за бројот на неважечки гласачки ливчиња, што објективно не можат битно да влијаат врз крајниот резултат од гласањето.
Т. Ајтовски