Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kanal jet vozilo01.10.2018  Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани доби ново комунално возило вредно 240 илјади евра, специјализирано за чистење на канализациската мрежа.

Возилото е донација од Владата на Швајцарија во рамки на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води. Промоцијата и неговото ставање во употреба се реализираше викендов, при што присуствуваа и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања – СЕКО.

Од кочанскотo комунално претпријатие рекоа дека се работи за значајна донација што ќе го олесни извршувањето на редовните работни задачи.

- Досега КЈП „Водовод“ има користено ваков тип на возило како надворешна услуга за што плаќаме превисока цена што е неисплатливо за претпријатието. Со оваа донација и ова возило како наша сопственост, ќе го имаме постојано и ќе можеме навремено да ја сервисираме канализациската мрежа во градот. Сакам да се заблагодарам до швајцарската влада за оваа донација, и ова возило навистина беше неопходно за потребите на градот и на самото комунано претпријатие, рече Андреј Киров, директор на КЈП “Водовод“.

Од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања – СЕКО, преку кој се реализираше донацијата, рекоа дека очекуваат возилото да го опслужува поширокиот регион.

- Ова возило за чистење на канализацијата што денеска го промовираме е дел од преоктот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Како што веќе знаете со помош на швајцарските средства се гради таа пречистителна станица, но од друга страна состојбата на канализацискиот систем е од круцијална важност за добро функционирање на системот и на пречистителната станица. Ова возило заедно со машината е прво од ваков тип во регионот. Во Скопје и во Куманово тие веќе се во функција, но во овој регион ова е за првпат да се донесе и да се користи вакво возило, ќе биде од голема помош не само на Кочани, туку и на целиот регион бидејќи очекуваме да помага и во другите градови, рече Клиф Хамер, претставник на СЕКО.

Кочанското комунално претпријатие досега располагаше само со две постари цистерни со кои се одржуваше канализациската мрежа. Поради честите дефекти услугите се извршуваа нередовно и со потешкотии.

Т.Ајтовски

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 22 гости и нема членови


web counter



qr code