Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pozar pcenka02.10.2018  Повторно се зголемува бројот на интервенции на пожарникарите од ТППЕ - Кочани откако земјоделците започнаа да ги палат остатоците од ожнеаните жита во нивите.

Три хектари земјоделско земјиште засеано со пченка и други земјоделски култури се уништени од пожар во атарот на кочанското село Мојанци.

Од Tериторијалната противпожарна единица во Кочани потврдија дека поради силниот ветер огнот брзо зафатил поголема површина, а пожарникарите што учествувале во гаснењето по два часа успеале да го стават под контрола и да спречат проширување кон блиските куќи.

Токму во овој период од годината вообичаена практика на земјоделците од регионот е да ги палат стрништата и сувата слама во нивите со што се загрозува општата безбедност, се загадува животната средина, а често се прави и материјална штета на туѓ имот. Тоа е причината и за пожарот кај Мојанци во кој изгореа ниви од кои се уште не е собран родот. Пожарникарите ги потсетуваат несовесните граѓани на законската забрана за палење оган на отворен простор, за што се предвидени и високи парични казни.

Слична интервенција пред неколку дена екипи на ТППЕ – Кочани имале и во атарот на селото Теранци каде, по проширувањето на огнот од нивите, изгорел помошен земјоделски објект.

Само во текот на месец септември кочанските пожарникари имале 35 гаснења пожари на земјоделски површини. Со оглед што жетвата на оризот е во ек, тие во просек веќе имаат по две излегувања на терен дневно, поради што најверојатно во октомври ќе биде регистриран двојно поголем број интервенции.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 35 гости и нема членови


web counter



qr code