Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zaznejuvanje racno01.10.2018  И годинава традиционалното зажнејување со срп беше дел од манифестацијата “Денови на кочанскиот ориз“. Во настанот учествуваа овогодишната жетварска убавица Марија Симеонова и нејзините придружнички, со што симболично беше означен почеток на жетвата на засеаните близу 2.600 хектари.

На површините на Земјоделскиот институт во Кочани со благословв и песна од аргатите се чествуваше собирањето на кочанското “бело злато“.

На настанот присуствуваа поголем број гости од земјата и странство, меѓу кои и евроамбасадорот Самуел Жбогар, министрите Љупчо Николовски и Сухејл Фазлиу и градоначалниците од регионот и од збратимените градови. Сите тие дојдоа да ги видат обичаите што се дел од манифестацијата “Денови на кочанскиот ориз“.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев потенцираше дека е неповолна состојбата со оризопроизводството поради што опаѓа интересот кај земјоделците.

- Производството станува се понеатрактивно бидејќи станува скапо и интересот кај нашите традиционални произиводители станува се помал и помал.  Крајно време е сите да размислиме како ќе изнајдеме решение на овој наш стратешки производ да му даде вистинска вредност и вистинско место да се најде на пазарот, бидејќи ова многу значи и за Кочани и за кочанскиот регион, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека на следната седница на Владата ќе бидат донесени нови мерки во земјоделството, а тие конкретно ќе се однесуваат на производството на ориз и на јаболка. Кај оризопроизводството истакна дека ќе се помага и научно-истражувачката работа.

- 2019 година ќе биде година во која што ќе имаме мерки за модернизација и вложување во Институтот за ориз којшто е оставен од страна на сите чинители и во којшто десетици години не е инвестирано ниту во опрема, ниту во едукација, ниту во човечки потенцијал. Ние преку Програмата за ррален развој ќе издвоиме средства колку што треба за навистина да се вложи во модрнизација и во опрема, односно во реконструкција на целиот објект и на Инситутот, затоа што тоа е најбитната научна алка преку која треба да ставиме акцент на нашите долгорочни политики во делот на оризопроизводството, рече Љупчо Николовски, министер за земјдоелство.

Во рамки на интервентните мерки во земјоделството, министерот Николовски потсети дека минатата година субвенциите за сите земјоделски производи беа зголемени линеарно за десет проценти, додека кај оризот тоа зголемување било далеку поголемо и изнесувало околу 300 отсто по хектар во споредба со претходниот период.

Николовски истакна дека од овогодишната жетва на оризот во Кочанско се очекуваат просечни приноси по околу пет илјади килограми од хектар, при што вкупната реколта би требало да тежи околу 15.000 тони оризова арпа.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 22 гости и нема членови


web counter



qr code