Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

amfenol 5rodenden22.10.2018  Со свечена програма во Трговскиот центар, компанијата “Амфенол Технолоџи Македонија“ одбележа значаен јубилеј - 5 години постоење.

Во неделата “Амфенол“ имаше целодневна програма за граѓаните од сите возрасти. Почнувајќи со игри за најмладите, забавна програма со ди-џеј Ацко, настап на музичкиот бенд “Кирилична поддршка“ и познатиот Влатко Лозановски, како и со официјален дел на доделување благодарници и најгради на најдобрите и најлојалните работници „Амфенол Технолоџи Македонија“ го  одбележа својот 5-ти роденден.

“Амфенол“ е корпорација од Америка која на огромно задоволство на сите одлучи да инвестира и да се прошири  во Македонија. На почеток се оформи скромно со само 50 вработени во 2013 година. Со добра организација и менаџирање и цврста идеја за развивање во 2014 година бројот на вработени се зголеми на 515, за во наредната 2015година да се одбележи најголемиот раст во тој поглед и бројката да се зголеми на 1.314 вработени. Со голема посветеност на работата, упорност, јасно поставени цели и мотивирани работници во 2016 година преку стратегија за иден раст се изгради и четвртата зграда со што јасно се виде проширувањето и напредокот на компанијата.

2017 година пак, компанијата ја бележи како доста значајна година во која “Амфенол Технолоџи“ беше рангирана како 25та најуспешна компанија во Републиката со што го доби и официјалното признание за упорната работа. Оваа година “Амфенол“ го одбележува петгодишниот јубилеј заедно со 1.700 вработени и инвестиција од 16 милиони евра. 

Сите овие постигнати резултети се само дополнителенмотив за уште подобра и по посветена работа во иднина, рече директорот на компанијата Сашко Наков кој ги поздрави присутните кои беа во голем број во Трговскиот центар во Кочани.

Присутните и вработените ги поздрави и потпретседателот на корпорацијата од Америка, Дејв Силверман.

“Амфенол Технолоџи“ секоја година ги наградува и им доделува благодарници на најдобрите и најуспешните и најлојалните работници. Тоа не го заборави и оваа година кога се одбележува 5 годишниот јубилеј од формирањето на компанијата.

Награди за лојалност и благодарници добија 36 вработени во компанијата, а 8 вработени добија награда за најдобри работници за 2018 година а тоа се Дарко Митревски, Мартин Јорданов, Виолета Кипријанова, Валентина Анчева, Васка Филобок Николова, Иван Митев, Иле Гигов и Весна Додевска.

По доделувањето на наградите роденденската забава продолжи со неколкуминутен огномет и со настап на Влатко Лозановски кој пред кочанци ги отпеа своите хитови.

Т.Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 24 гости и нема членови


web counter



qr code