Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

deponija opstina oblesevo25.10.2018  Единаесеттте општини од Источниот плански регион започнаа постапка за ликвидација на меѓуопштинското јавно претпријатие за управување со отпад „Депонија Исток“ со седиште во Штип.

На седницата на Комисијата за комунални работи при Советот на Општина Кочани беше речено дека причина за ликвидацијата на претпријатието е менувањето на пристапот за решавање на прибирањето, транспортот и одлагањето на комуналниот отпад.

Во иднина тоа треба да добие поширок, меѓурегионален опфат.

- Ова меѓуопштинско јавно претпријатие не профункционира и од тие причини се предлага тоа да престане со работа, да се ликвидира. Во меѓувреме, се прават, се вршат разговори за формирање ново меѓуопштинско јавно претпријатие, овојпат помеѓу двата региона, Источен плански регион и Североистичен плански регион. Тоа исто така ќе биде меѓуопштинско за управување со отпадот. Во тек се подготовките за формирање, веќе имаме активности помеѓу општините, се надеваме дека во најбрз можен рок истото ќе биде формирано и поддржано за да профункционира и да се реши овој голем проблем за овие два региона, рече Венцо Бојков, сектор за јавни дејности на Општина Кочани.

Со започната постапка за ликвидација, основачкиот влог во вредност од над 300 илјади денари ќе им биде вратен на општините кои пропорционално учествуваа во формирањето.

Иницијативата за основање на јавното претпријатие „Депонија Исток“ започна да се реализира пред околу една ипол година, при што се работеше на студија за одржливост и на изготвување техничка документација за изградба на системот за интегрално управување со отпад. Целиот проект беше вреден над 40 милиони евра, а требаше да се реализира со средства од европските фондови.

За да се реализира постапката за ликвидација на претпријатието, неопходно е општинските совети во локалните самоуправи од Источниот плански регион да донесат соодветна одлука.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 27 гости и нема членови


web counter



qr code