X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

tasim kompanija26.10.2018  По реализираната јавна набавка, Општина Кочани го склучи договорот со трговското друштво „Тасим компанија“ од Оризари, претпријатие кое од 5 ноември, па во наредниот период од една година ќе го врши општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани. 

Превозот ќе се реализира на релацијата од населбата Оризари – Усова чешма – Бавчалук, преку спојот на улиците „Бел камен“ со „Страшо Ербапче“ до Лесна индустрија.

Според договорот, „Тасим компанија“ ќе има најмалку четири поаѓања дневно од понеделник до сабота, согласно одобрениот и регистриран возен ред. За автобуски стојалишта се определени вкупно 63 локации, во Оризари и во Кочани.

Патниците ќе плаќаат само 10 денари или 50 проценти од вкупната сума,  додека другата половина ја субвенционира Општина Кочани. Цената за оваа услуга е утврдена со одлука на Советот на Општина Кочани.

Откако беше воведен како услуга, општинскиот јавен превоз прв пат се реализира по спроведена постапка за јавна набавка. Претходниот превозник, „Авто атом“, од 1 август годинава престана да извршува сообраќај како општински линиски превозник, со образложение дека релацијата се покажала како непрофитибилна и неисплатлива за натамошно изведување.

Изборот на „Тасим компанија“ е по две неуспешно реализирани јавни набавки.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 15 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click