X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ponikva panorama26.10.2018  Неплатена сметка за радиодифузна такса во висина од 190 денари скоро цела година ја закочила ликвидацијата на меѓуопштинското јавно претпријатие “Пониква КП“.

Иако се работи за минимална и скоро симболична сума, овој долг се испречил во постапката што ја започнаа општините Кочани и Пробиштип за да го згаснат и избришат од Централниот регистар заедничкото претпријатие што го формираа пред околу четири години. Без разлика што тоа фактички не профункционира и не се реализираа заложбите за вработување на неколку лица од двете општини, сепак со самата регистрација почнало да создава обврски и да прави извесни долгови.

Токму неплатената сметка за телевизија се уште го одржала во живот, рекоа од Секторот за јавни дејности.

- Во постапката за ликвидација при обезбедувањето на документацијата ние бевме уверени, и така е, ова претпријатие не учествуваше во платниот промет, немаше активности, меѓутоа кога поднесовме барање да добиеме уверение од Управата за јавни приходи за обврски, дека нема никакви обврски, се испостави дека по основ на радиодифузна такса имаме одреден долг, бидејќи е регистрирано, и покрај тоа што не учествуваше во платниот промет, рече Венцо Бојков од Секторот за јавни дејности на Општина Кочани. 

Во меѓувреме неплатената сметкла за радиодифузна таклса е платена и сега е при крај постапката за ликвидација, за што на седницата на Советот на Општина Кочани, што ќе се одржи в понеделник, треба да биде донесена и соодветна одлука. 

За нормално работење на меѓуопштинското претпријатие “Пониква КП“ се предлагаше финансисрањето да биде заедничко, од буџетите на двете соседни општини. Тоа требаше да придонесува за развојот на туризмот и управувањето со ски-центарот на Пониква, во чија изградба делумно инвестираше и државното електропреносно претпријатие МЕПСО. 

Сепак, набргу се покажа дека тоа тешко ќе профункционира, а неодамна од Локалната самоуправа на Пробиштип излегоа со писмено известување дека тие не се во состојба не само да го финансиираат новоформираното претпријатие, туку дека не можат да се грижат ниту за топовите за вештачки снег и за другата опрема што им припадна со поделбата на донацијата од МЕПСО.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 70%
Ветер: NE при 18 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click