30.10.2018 На одбележувањето на Светскиот ден на џудото во Скопје, кочанскиот џудо клуб „Гладијатор“ го искористи годинешното мото „Пријателство“ и потпиша меморандум за соработка со прилепскиот џудо клуб „Сеишин“.
Меморандумот всушност значи и збратимување на двата клуба, истакна Драган Шеќероски, тренер на кочанскиот џудо клуб.
- Извршивме збратимување на клубовите а тоа го договоривме со тренерот на клубот од Прилеп Дејан Мицкоски со кој што сме заедно мали нозе. Сега тие можат да се вклучат во нашите тренинзи и ние во низвните, рече Драган Шеќероски, тренер на џудо клуб „Гладијатор“ Кочани.
Инаку, од пред неколку дена џудо клубот „Гладијатор“ започна и со тренинзи и секција и во Зрновци. Тренинзите се одржуваат секој вторник и четврток во спортската сала на ОУ „Синиша Стоилов“, а понеделник, среда и петок во салата на ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани.
Т. Велкова