X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ipard prezentacija

30.10.2018  Стопанска комора на Македонија - регионалната комора со седиште во Штип, во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството  и Општина Чешиново-Облешево, организираа заеднички информативен настан на тема: „ИПАРД 2 – Европски пари за агробизнисите“.

Целта е да се информираат потенцијалните апликанти за можностите кои ги нуди новата ИПАРД-Програма 2014-2020. На овој настан акцент беше ставен на мерките Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства и Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и производи од риба.

На средбата со земјоделците беа разгледани  прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување барања, склучување договори, поднесување барања за исплата, проблеми од претходниот програмски период на ИПАРД 2007-2013 година. Предавач беше Валентин Захариев од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кочани.

-Овој пат програмата предвидува стартен процент на враќање на вложените средства од 60% кој што може да дојде и до 70% за млад земоделец и во однос на други критериуми, рече  Валентин Захариев, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Кочани.

Земјоделците при аплицирањето се соочуваат и со одредени проблем. Како најважен го истакнаа недостатотокот на финансиски средства. Но се работи и на решавање на тој проблем, велат од Агенцијата.

-Оваа програма функционира на тој начин што најпрво земјоделецот треба да инвестира во она што сака да го добие а подоцна му се враќаат парите. Затоа земјоделците се соочуваат со финансиски проблем. Во однос на ова се предвидува некаков гарантен фонд за земјоделците преку кој ќе можат да набават средства со минимална камата за да можат да инвестираат, додаде Захариев.

Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“  од Битола чија е цел е да им помогне на земјоделците и да направи спој помеѓу земјоделците со трговците и институциите за да се решат сите проблеми кои што произлегуваат од самото работење.  

-Она што „Зелена берза“ во моментов сака да го направи е да ги актуелизира проблемите и да можат тие а проговорат не само за проблемите со кои што се соочуваат туку и за нивните успеси, бидејќи во нашата држава има и многу успешни земјоделци и да се поттикнат младите земјоделци, бидејќи мал е бројот кои што сакаат да е занимаваат  со земјоделство, рече Павлина Јовановска, „Зелена берза“ Битола.

Сите услови ги имаат, сите документи ги поднесуваат уредно и пак не успеваат да добијат одобрување за добивање на механизација, се жалат земјоделците од искуството од претходните огласи. Очекуваат подобри услови и критериуми на следниот оглас во ноември.

-Пробуваме, аплицираме, а не добиваме на огласот. Ние секогаш ги поднесуваме нашите документи, од Агенцијата ни тврдат дека се е во ред, и после не добиваме на огласот, не можеме да купиме механизација, затоа и не аплицираме. Се на подобри услови и критериуми на огласот што следува,  рече  Мијалче Кузманов, земјоделец од Чешиново.

На настанот, имаше презентација на земјоделска механизација. Јавниот повик  по ИПАРД 2 програмата за набавка на земјоделска механизација  се очекува да излезе во првата половина на ноември.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 70%
Ветер: NE при 18 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click