31.10.2018 Досегашниот првотимец на “Каменица Саса“, Ефтим Аксентиев е ново засилување во редовите на кочанскиот третолиогаш “Осогово“.
33-годишниот кочанец, кој игра на средишната позиција, се враќа во матичниот клуб токму во моментите кога му е најпотребен. Лидерската позиција што ја имаат “жолто-сините“, со неговото доаѓање ќе биде уште побезебедна, со оглед што на тимот мн е потрбно и искуство.
Аксентиев настапуваше за прволигашите “Силекс“ и “Работнички“, за кои одигра вкупно 37 натпревари и постигна два гола. Пред седум години имаше и меѓународно искуство бранејќи ги боите на два клуба во соседна Албанија. Исто така, играше и за штипска “Брегалница“ и “Еуромилк ГЛ“ од Скопје, како и за тимот на “Гостивар“.
Вредно е да се спомене дека тој имаше и еден дебитантски настап за репрезентацијата на Македонија за играчи до 21 година, што е уште едно признание за неговиот квалитет.
Засега официјално од ФК “Осогово“ нема информации дали Аксентиев ќе остане да го брани средниот ред во екипата или пак ќе игра на поистурена напаѓачка позиција на левата страна.
T. Aјтовски