X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Merna stanica kocani01.11.2018  Резултатите за загаденоста на воздухот во Кочани со ПМ10 честички и други штетни состојки не ги одразуваат реалните состојби поради специфичната местоположба на мерната станица.

Затоа, Локалната самоуправа ќе бара нова локација во централното градско подрачје на која би се поставил уште еден пункт со опрема за мерење на состојбата со амбиенталниот воздух.

На последната седница на Советот на Општината, градоначалникот Николчо Илијев информираше дека се размислува за уште една мерна станица откако претходно ќе се определи соодветна локација за неа.

- Сите да направиме една иницијатива да се најде во Кочани уште една мерна станоца, затоа што оваа мерна станица, покрај другото, сите возила застануваат таму. И уште нешто што ми и е сугерирано, таму има скара на јаглен, многу блиску, која чадот што го испушта дава страшно поразителни податоци на мерната станица. Ако е тоа така, тогаш да бидеме помирни и поспокојни дека навистина Кочани не е толку загаден како што покажува мерната единица, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Постојната мерна станица, што е лоцирана на улицата “Глигор Апостолов – Гочо“, е во непосредна близина на крстосницата каде поради честите застои на возилата се јавува зголемена концентрација од издувни гасови. Оценка е дека тоа не ја отсликува вистинската состојба, па се случува да се добијат повисоки резултати на загаденост на воздухот во споредба со градовите каде што реално таа постои.

Податоците за состојбата со воздухот минатата зима покажуваа присуство на ПМ10 честички и над 100 микрограми на метар кубен, со што Кочани често влегуваше во светлоцрвено високо ниво на загаденост.

Од Локалната самоуправа очекуваат со поставувањето на уште една мерна станица да можат да се пресметуваат и просечни вредности на загаденоста од двете локации, што би биле пореални со фактичката состојба на терен. 

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

 

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
 

 

 

 

 

 

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 70%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click